Скопје/Охрид, 22. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија испрати Јавен повик за изразување интерес за хотелите во државата кои имаат над 50 легла, за потребите на формирање државни карантини за справување со коронавирусот.
– Максималниот надомест кој државата може да го обезбеди за капацитетите на хотелите изнесува до 10 евра (денарска противвредност) по легло, по ден. Хотелите кои ќе ги стават своите капацитети на располагање треба да обезбедат три оброци дневно за секој граѓанин којшто ќе користи легло, како и одржување на хигиената во хотелот, стои во повикот.
Сите заинтересирани хотели потребно е да се пријават најдоцна до 23-ти март, понеделник, до 14:00 часот, преку испраќање писмо за намери на следната емаил адреса: [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива