Охрид, 27. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Игор Дурловски, носител на изборната единица 5 во своето обраќање посочи дека мал број на држави во светот ја имаат привилегијата да поседуваат непроценливо богатство како охридскиот регион кој е статусот на светско наследство го има стекнато и како природна и како културна вредност.
– Задржувањето на статусот на светско наследство на листата на УНЕСКО мора да биде наш приоритет. Време е со темелен пристап, а не со формалности и декларации да се справиме со овој предизвик. Во таа насока со добра волја, посветеност и знаење, наша цел ќе биде доследна имплементација на препораките на реактивните мисии на УНЕСКО. Ќе ја подигнеме нашата стручност и професионалност и нема да дозволиме импровизации во примената на највисоките стручни стандарди во заштита на нашите културно наследство. Но, ќе направиме баланс и со одржливиот развој. Ќе настојуваме да ги отстраниме сите закани кои влијаат на исклучителните вредности на охридскиот регион без да ја загрозиме развојната туристичка и економска компонента на охридскиот регион, рече Дурловски.
Во своето обраќање тој напомена дека она што можам да го вети е дека со Охрид ќе се управува демократски и преку дијалог со локалните заедници и сите засегнати страни, а во граѓанските организации кој во изминатиов период беа ревносни чувари на охридското богатство ќе се гледа како на конструктивен партнер во сите политики кој ќе се спроведуваат во охридскиот регион на централно и на локално ниво.
– Цврсто ќе се заложам, вредно и посветено ќе работам и ќе придонесам. Ќе го негуваме и пренесуваме нашето културно наследство, нашите обичаи и традиции кои во охридскиот регион ги има во изобилство. Силно ќе ги промовираме нашите богати археолошки локалитети зошто во нивните слоеви е нашиот идентитет. Биографските записи на Македонија, а културниот туризам ќе биде развоен двигател на македонската економија, додаде Дурловски. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ