Охрид, 22. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 21/22.2020 година, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, осум лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид 1, Струга 2, Кичево 5).
– Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 17