Охрид, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Нела Василеска од Охрид е мајка на првото бебе кое се роди во новата 2017-та година во Охрид.
Приновата во семејството Василески се роди на првиот ден од Новата година во 14:00 часот со тежина од 3.100 грама.
Првороденото бебе во државата е девојче, и е родено во Битола. Девојчето се родило 12 минути по полноќ во Клиничката болница во Битола. Во Битола во текот на новогодишната вечер се родија уште три девојчиња. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23