Охрид, 19. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – При контрола извршена на 18-ти април 2021 година во 15:30 часот на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници затекнале товарно возило „Ивеко“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишниот Н.Г. од село Мешеишта, општина Дебрца, кое вршело истовар на огревно дрво.
– Притоа, било констатирано дека Н.Г. нема соодветна документација за транспортот, по што претставници од Шумската полиција ги одзела дрвата. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 25