Струга, 2. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – При чистење на оџак на куќата во сопственост на неговиот брат, 48-годишниот С.М. од струшкото село Радолишта, вчера околу 08:00 часот се лизнал и паднал од покривот на замрзната земјена површина, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Медицинска помош му била укажана во Медицинскиот центар во Струга, по што поради сериозноста на повредите со Итна медицинска помош бил препратен во Клиничкиот центар во Скопје. За жал, при транспортот тој починал.
Со истото возило е вратен во Медицинскиот центар во Струга, од каде со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 46