Охрид, 13. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот Н.К. од селото Лешани, општина Дебрца.
-На 25-ти јуни 2020 година, на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, тој бил затекнат како, со своето возило марка „Волксфаген“, регистрирано за превоз на девет патници, без почитување на здравствено-безбедносните протоколи, врши превоз на 21 патник. Со тоа, пријавениот, ја прекршил уредбата од владата за организирање на јавен превоз на патници со 50% од капацитетот на превозното средство за време на епидемија, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива