Штип, 28. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Минималната плата до 2024 година, односно до завршување на новиот мандат на СДСМ, ќе изнесува 20.000 денари, додека просечната ќе достигне 34.000 денари, најави лидерот на владеачката партија Зоран Заев во денешното обраќање од Штип.
Заев на прес-конференцијата во Градот под Исар најави и зголемување на пензиите, согласно трошоците за живот, па најниските, како што рече, ќе бидат поголеми за 21 отсто до крајот на новиот мандат на СДСМ.
Лидерот на владеачката партија со предизборно ветување за јавни инвестиции во износ од 2,2 милијарди евра и директни приватни инвестиции од 1,2 милијарди евра. Тоа, како што нагласи, ќе придонесе за намалување на невработеноста на ниво од три отсто на годишно ниво и пад на вкупната стапка на невработеност под двоцифрена граница.
Доколку СДСМ ја добие довербата на граѓаните на 15 јули во што не се сомнева, Заев најави и изградба на експресни патишта во должина од 300 километри и локална патна инфраструктура во должина од 950 километри, но и уште посериозни гасификациски инвестиции. (Крај)
извор: novatv.mk фото: novatv.mk