април 29, 2021

Скопје/Охрид, 29. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ е единствен и тоа сме го покажале во нашето секојдневно функционирање, но сме различни од сите по нашите различни ставови што не прави демократска партија, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по информацијата дека видни членови на СДСМ од Охрид формирале своја листа за локалните избори и напомена дека ќе разговара со нив.

– Листите од познати членови на партијата во Охрид се порака за нас и ќе разговораме со сите во СДСМ зашто СДСМ секогаш ги извојувал победите заеднички и заеднички ги реализирал промените. Има доволно време до изборите и ќе го искористиме за разговори, рече Заев.

Тој очекува и натаму да соработува со Радмила Шекеринска која најави дкеа веќе нема да се кандидира за партиски функции. Вели дека е рано да се каже дали за следните локални избори ќе оди во коалиција со партии на Албанците во земјава, но во преден план, како што рече, е Конгерсот кој ќе се одржи во мај.

– Тенденцијата ни е сполотено заедно со сите како едно општество за сите. Уште сега го испраќам повикот за соработка до сите предизборно или постизборно, рече Заев.

Тој рече дека очекува собранието да се одблокира и да се реализира она што е договорено со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Во општина Охрид е формиран Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори, информира вчера со официјален допис до медиумите од одборот. Додаваат дека мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „Охрид пред СЕ’“, а основна цел на Иницијативниот одбор е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, чесни и слободоумни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми. (Крај)

извор: ПлусИнфо/ОхридПрес фото: ПлусИнфо

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука