април 26, 2021

Охрид, 26. април 2021 (ОХРИДПРЕС) – Започна исплатата на априлските пензии во деловните банки за клиентите кои не користат платежни картички.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2021 година (среда);
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат веќе од денес. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука