Скопје, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска и официјално започнува кампањата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија.
За првпат во досегашната изборна практика таа ќе се реализира во поинакви услови. До ова доаѓа откако заврши вонредната состојба од осум дена што на 15-ти јуни ја прогласи претседателот на државата Стево Пендаровски, а ја побара Владата заради спроведување на предвремените избори.
Партиите веќе најавија дека во интерес на превентивата и здравјето на граѓаните нема да практикуваат митинзи и поголеми собири. Ќе имаат средби со граѓани но во помал обем, а изборните програми претежно ќе ги презентираат онлајн. Обраќањата до граѓаните ќе ги реализираат преку медиумите и социјалните мрежи.
На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, а гласањето ќе се одвива три дена. На 13-ти јули ќе гласаат заразените со COVID-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. На 14-ти јули ќе гласаат изнемоштените и болни лица, а сите останати на главниот изборен ден 15-ти јули, кога гласањето ќе трае во продолжен рок – од 07:00 до 21:00 часот. (Крај)
извор: slobodnaevropa.mk фото: архива