јануари 18, 2021

Охрид, 18. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Започна монтирањето на модуларната ковид болница во кругот на ЈЗУ Општа Болница во Охрид.

Болницата ќе се протега на површина од 1.000 м2 и ќе има 40 легла за пациенти опремени според највисоки стандарди.

Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата „МН-АС Констракшн“ од Струга, за реализирање на градежните активности.

Image may contain: sky and outdoor

На просторот каде се поставуваат монтажните објекти претходно беше извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, се постави водоводна и канализациона мрежа и се спроведоа приклучоци за електрично напојување.

Модуларната болница ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во охридскиот регион.

Image may contain: sky and outdoor

Според последните официјални податоци на Министерството за здравство на Република Македонија, во ковид центарот во Охрид во моментов се хоспитализирани 45 пациенти. (Крај)

извор: ЈЗУ Општа болница Охрид фото: ЈЗУ Општа болница Охрид

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука