февруари 10, 2021

Скопје, 10. февриари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска се очекува да биде во функција веб страната за пријавување за вакцинација против COVID-19.

Секој сам ќе се пријавува, системот сам ќе генерира приоритети и кога ќе дојде редот за вакцина ќе им стаса на граѓаните известување, појасни министерот за здравство Венко Филипче.

На прашањето дали граѓаните ќе може да изберат со која вакцина ќе се имунизираат, министерот рече дека кога ќе има повеќе вакцини на располагање, тогаш ќе може да се зборува и за избор. Во однос на анкетирањето на граѓаните преку матичните лекари и како ќе се врши контрола над тоа Филипче рече дека ќе има потврда назад дека матичните лекари им се јавиле на граѓаните, по што назад се враќа информација за изразена волја за вакцинација и се прави распоред согласно местото на живеење за пункт за вакцинација.

Приоритет во имунизацијата имаат здравствените работници кои работат со ковид пациенти, а досега се пријавиле 4.000 од кои половината во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука