јули 13, 2020

Охрид, 13. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето продолжува соработката на креативниот тим на Супер радио со трационалните партнери – охридските „Тамаро“ маркети и „Витаминка“.

– И ова лето ќе се наградуваме и ќе се забавуваме со нашиот нов проект „Го запознаваме Охрид со Тамаро и Витаминка“, посебно прилагоден за новите мерки за спречување на ширењето на корона вирусот. Токму поради тоа, ова лето нема да имаме забави во маркетите, а акцентот во текот на месеците јули и август ќе биде ставен на наградување на охриѓани, запознавање со новите производи, но и презентација на преубавиот Охрид пред што е можно поширока публика. Секој ден ќе доделуваме супер вредни награди на Супер радио. Купуваме „Витаминка“ производи во најблискиот „Тамаро“ маркет и добиваме супер „Витаминка“ пакети за најубаво лето 2020-то во Охрид. Цело лето забава, цело лето награди – „Го сакам Охрид со Тамаро и Витаминка“, порачуваат организаторите.

Дополнително, секојдневно ќе се објавуваат фотографии и видеа од најпопуларните локации во Охрид, местата кои го прават толку препознатлив и незаборавен, секако поддржано од нашите пријатели од „Витаминка“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука