Скопје, 26. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во деновите од викендот, сабота и недела, забраната за движење за сите граѓани ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро. Ова се најновите мерки што ги донесе Владата во насока на спречување на ширењето на Коронавирусот.
Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.
Сите претходно донесени забрани и ограничувања и натаму остануваат во сила, односно забраната за движење трае од 21:00 до 05:00 часот, повозрасните над 67 години може да се движат надвор само од 05:00 до 11:00 часот, а на младите до 18 години им е дозволено движење од 12:00 до 21:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива