Охрид, 15. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) –
Според последните податоци од ДИК, од обработени податоци од сите 89 избирачки места, до 15:00 часот во Охрид на гласање излегле 18.845 избирачи од вкупно запишаните 52.510 или во проценти 35,86.
Гласањето во Охрид на сите избирачки места се одвива мирно и без проблеми.
Граѓаните на Македонија денеска гласаат на десеттите парламентарни избори, воедно и петти предвремени. Поднесени се 15 кандидатски листи за пратеници.
На ниво на изборна единица 5, во која спаѓа и Охрид, до 15:00 часот од вкупно запишаните 314.489, досега гласале 99.694 или 31,70%. Овие бројки се од обработени податоци од 691 избирачко место, од вкупните 706. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 29