Охрид, 30. јануари 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа најмногу дожд, 20 литри на метар квадратен, наврнаа во Дебар, а во истиот период во Охрид е измерен воден талог од 9 сантиметри.
Како што информираат од УХМР, најмногу снег има на Попова Шапка, 34 сантиметри. Снежната покривка во Лазарополе е 17 сантиметри, додека во Маврови Анови 12.
Најниска температура утрово е измерена на Попова Шапка, -3, нула степени е во Пожаране и Ѓуриште, еден во Скопје-Петровец, Маврови Анови и Крушево, два во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Тетово и Берово, три во Струмица и Куманово, 4 во Штип и Охрид, 5 во Прилеп, Претор, Дебар и Дојран, како и 6 во Битола и Демир Капија.
Според УХМР, претпладнево времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени. (Крај)
извор: УХМР фото: архива