мај 13, 2020

Скопје/Охрид, 13. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Над 3.000 инспекциски надзори се направени во последните неколку дена, информираше на денешната прес конференција претседателката на Инспекциски совет, Магдалена Филиповска Грашкоска.

Како што истакна таа, затворени се 5 угостителски објекти во Охрид, Кичево, Тетово и Струмица, а за тие од Охрид и Струмица ќе следат кривични пријави. Исто така, таа истакна дека се утврдени 5 прекршоци за непочитување на замрзнати цени а дополнително се запечатени 3 кафемати во Штип.

Најголем дел од правните субјекти, порача таа, ги почитуваат мерките на Владата за спречување на вирусот.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски апелираше да се почитуваат одлуките за забрана за работа се до официјално соопштување на најавените промени.

– Многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и да се собираат луѓе. Се што правиме е за здравјето на луѓето. И синоќа и ноќта пред тоа затворавме објекти и во Тетово, Врапчиште и во Гостивар. Упатувам апел барем во полициски час да не доаѓа до тоа инспекторите кои се по цел ден на работа да бидат повикувани од полицијата за да затвораме објекти бидејќи, пред се, сите кои одат во такви објекти го загрозуваат и нивното семејство, рече Пауновски на редовната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Шесте инспекторати при Инспекцискиот совет од 4 до 11 мај реализирале вкупно реализирале 3.690 вонредни надзори. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука