Скопје, 15. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Институтот за јавно здравје спроведува Анкетен прашалник: Увид во однесувањето за COVID-19, со цел да се подобрат дејствијата преземени како одговор на пандемијата на коронавирусот.
– Одговорите на граѓаните ќе се користат исклучиво за научни цели, за да се подобри реакцијата, односно одговорот на појавата на овој вирус. Податоците ќе бидат зачувани во Институтот и може да се користат за истражувања и теоретски предавања во иднина. Ова е некомерцијална студија и финансирана е од Светската здравствена организација, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Прашалникот може да се пополни на следниов ЛИНК. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22