Охрид, 10. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.
Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.
Супер радио и OhridPress Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.
Денес Ви го претставуваме хотелот „Тино“:
Хотелот „Тино“ се наоѓа во строгиот центар на градот, на Кеј „Македонија“. Располага со 50 луксузно опремени соби, два апартмани и еден VIP апартман, во кои Ви се пружа максимален комфор со прекрасен поглед кон древниот Охрид и преубавото Охридско Езеро. Во склоп на хотелот работи и Spa Centar, како и ресторан во кој можете да пробате широка палета на вкусна национална и интернационална храна, залиена со одбрано вино и староградска музика.
контакт:
Кеј „Македонија“ бр. 55 – 6000 Охрид, Македонија
Телефон: +389 46 230 450 и +389 70 352 551
e-mail: [email protected]
www.hoteltino.com.mk
Facebook: Hotel Tino Ohrid
извор: ОхридПрес фото: архива