јуни 20, 2020

Охрид, 20. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од најрепрезентативните капацитети во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

Image may contain: one or more people, sky, outdoor and water

Денес Ви го претставуваме хотелот „Аквалина“:

Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од Националниот парк „Галичица“ од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

Контакт:
тел:+389(0)46 200 047
www.aqualina.com.mk

email: [email protected]

Image may contain: sky, ocean, boat, outdoor, nature and water

Image may contain: pool, sky, outdoor, nature and water

Image may contain: bedroom and indoor

Image may contain: sky and outdoor

Image may contain: table and indoor

извор: ОхридПрес Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука