јуни 27, 2020

Охрид, 27. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

No photo description available.

Денес Ви го претставуваме хотелот „Лебед“:

Незаборавна глетка… Удобност, топлина и квалитет во стилски и софистициран амбиент, на едно место во хотел „Лебед“. Мал, но прекрасен хотел лоциран крај самиот брег на едно од најстарите и најубави езера во светот – Охридско Езеро, само неколку минути пешачење од центарот на градот.

No photo description available.

Контакт:
тел:+389(0)46 250 004
www.hotellebed.com.mk

email: [email protected]

Facebook: Hotel Lebed- Ohrid

Skype: hotel.lebed

Image may contain: 1 person

No photo description available.

No photo description available.

No photo description available.

извор: ОхридПрес Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука