јуни 29, 2020

Охрид, 29. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.

Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.

Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.

Денес Ви го претставуваме хотелот „Нова Ривиера“:

Прекрасен амбиент за врвно гастрономско уживање, со единствен поглед кон Охридското Езеро. Во срцето на Охрид – хотел „Нова ривиера“. Пробајте ги највкусните гастрономски задоволства. Ресторан и пространа отворена и затворена тераса, како дел од оваа нова угостителска приказна. Совршено место за вашето утринско кафе. Сопствен паркинг и 39 опремени соби со поглед кон езерото.

Контакт:

Кеј „Македонија“ бр. 4
тел:+389(0)46 209 900 и 078 271 084
email: hotelnovariviera@gmail.com

Facebook: Hotel Nova Riviera Ohrid

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука