Охрид, 6. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во насока на запознавање на пошироката македонска јавност со капацитетите и понудата со кои располага убавиот Охрид, Супер радио и OhridPress ја започнуваат акцијата „Ова лето СИТЕ ВО ОХРИД“.
Со одлука на Владата на Република Македонија, како дел од пакетот „Дома си е дома“, сите вработени кои добиваат плата под 15 илјади денари ќе добијат ваучер од 6.000 денари за да одат на одмор, за така да му се помогне на туристичкиот сектор во време на корона-кризата. Туристичките ваучери се очекува да му помогнат на домашниот туристички сектор да го преживее ударот од пандемијата на COVID-19. Ваучерот ќе може да се искористи во сите категоризирани угостителско-туристички објекти во земјава во периодот од 15-ти јули до 15-ти декември.
Супер радио и OhridPress во периодот пред официјалниот старт на летната туристичка сезона, ќе Ви презентираат голем дел од капацитетите во Охрид, во делот на хотелското сместување, но и поатрактивните апартмани.
Денес Ви го претставуваме хотелот „Силекс“:
Хотел „Силекс“ се наоѓа во туристичкиот комплекс „Св. Стефан“, оддалечен само 4 километри од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид-Св. Наум и 10 километри од аеродромот „Св. Апостол Павле“. Лоциран е на самиот брег на Охридското Езеро, помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот „Св. Стефан“ на надморска висина од 720 метри. Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам.
контакт:
Населба „Св. Стефан“, Охрид, Македонија
Телефон: +389 46 277 300 + 389 46 277 304
e-mail: [email protected]
www.hotelsileks.mk
Facebook: Hotel Sileks
извор: ОхридПрес фото: архива