Скопје, 2. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Полициските службеници досега констатирале вкупно 25028 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 461 прекршоци во изминатото деноноќие.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 81 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.
На територијата на целата држава на вкупно 261 лице им се издадени решенија за изолација, а не се евидентирани лица кои потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 14