Скопје, 21. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 20/21.06.2020 година, на територијата на Република Македонија на 213 лица им се издадени решенија за изолација, а 299 лица потпишале изјави за самоизолација.
– Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и четири лица не ја почитувале мерката за самоизолација. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 805 прекршоци, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 57