Охрид, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
– Работното време на угостителите ќе биде до 20:00 часот, посочи министерот.
Тој додаде дека другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките.
– Ние имавме подготвен протокол од комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на Владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор, рече Бектеши. (Крај)
извор: Фокус фото: архива