Скопје, 28. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за заразни болести и препорачува на Владата да го укине задолжителниот PCR негативен тест за влез во Република Македонија.
Нивната препорака ќе се дискутира на првата владина седница. Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство се во координација со регионалните власти, од каде очекуваат да размислат за одлуката за укинување на тестовите на координиран начин, јави Тв АлсатМ.
Директорот на ИЈЗ Шабан Мемети вели дека укинувањето на тестовите е од регионален интерес.
-Сметаме дека е во регионален и меѓудржавен интерес да се укинат PCR тестовите. Одредени држави имаат одредени зголемувања или намалувања на случаите на COVID-19, додека ние како земја имаме анализа за тоа што може да не чека. Не мислам дека тие ќе бидат против укинување на PCR тестовите, рече Мемети.
Во случај да нема регионален договор, властите ќе одлучат да ги укинат тестовите со одредени земји како што се Косово и Србија.
-Како земја, мора да имаме мултилатерални договори меѓу државите. Но, ако не постигнеме такво нешто, мора да склучиме билатерални договори со одредени земји, додава Мемети.
Потребата од укинување на негативните PCR тестови како механизам за закрепнување на економијата беше нагласена и од угостителите во регионот на Охрид и Струга.
Одлуката на владите ќе биде донесена откако американската амбасада во Скопје назначи и свои посредници за поголема ефикасност на процесот. Косово пред неколку дена го укина негативниот тест само за транзит, додека оваа мерка останува на сила во Република Македонија, Србија и Босна. Црна Гора бара само тестови за докажување на постоењето на антитела. (Крај)
извор: АлсатМ фото: ОхридПрес