септември 21, 2020

Скопје, 21. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кој се разгледуваше можноста за воведување на дневен престој во училиштата, но според зборовите на директорот на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата, Виктор Исјановски, одлука се уште не е донесена.

– Не се донесе одлука, ќе се чека бројката на деца чии родители одбрале настава со физичко присуство затоа што треба да се направат добри препораки, истакна Исјановски.

Тој додава дека ова е многу комплексна одлука, односно дека, доколку се отвори дневниот престој ќе треба да донесат посебни насоки, па посочи дека засега се чека официјалната бројка на деца од МОН, по што ќе следуваат нови состаноци на Комисијата за заразни болести.

– Можеби оние што се пријавиле он лајн доколку се отвори дневен престој, ќе се премислат и ќе сакаат да ги пуштат децата со физичко присуство. Има многу фактори, нема да избрзуваме, но сега се чека конкретно бројка од МОН, заклучи Исјановски. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука