Скопје/Охрид, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2020 година изнесува 17.943, а бројот на ноќевањата изнесува 41.948.
Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 67.3 %, а бројот на ноќевањата е намален за 62.8 %, јави порталот емагазин.мк.
Бројот на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 60.5 %, а бројот на странските туристи е намален за 70.4 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 50.3 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 69.6 %.
Во периодот јануари-март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 18.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 17.2 %, а кај странските има намалување за 18.9 %.
Во периодот јануари-март 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 19.7 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 15.1 %, а кај странските има намалување за 22.9 %. (Крај)
извор: емагазин.мк фото: ОхридПрес