Охрид, 27. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот Т.Ц. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
– На 21-ви март 2020 година, во 13:00 часот на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, полициски службеници при извршена проверка не го пронашле Т.Ц. на пријавената адреса, иако потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 18