октомври 27, 2020

Охрид, 27. октомври 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишната Р.К. од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

-На 30-ти јули 2020 година во Охрид, при извршена контрола од полициски службеници, пријавената не била затекната во својот дом, со што не ја почитувала определената мерка за задолжителна изолација, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука