Охрид, 24. септември 2020 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 65-годишната Н.И. од селото Злести, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-На 30-ти август 2020 година, околу 10:30 часот, пријавената не била пронајдена во својот дом во Злести и покрај тоа што имала решение за задолжителна изолација, со што постапила спротивно на одлуките на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 41