Охрид, 5. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 04/05.05.2020 година, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, четири лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-2, Струга-2).
Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 04.05.2020 година во 23.45 часот, во близина на угостителски објект во струшкото село Подгорци, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Д.(37) врз К.А.(26), двајцата од истото село. Тие се приведени, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 58 контроли врз лицата во изолација, 51 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-28, Струга-16, Кичево-6, Дебар-1), како и 59 контроли на угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива