март 22, 2020

Скопје, 22. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од започнувањето на примената на мерките и препораките на Владата на Република Македонија, заклучно со денеска, 22-ти март 2020 година, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 77 кривични пријави, а по основ на член 206 и член 205 од КЗ на РМ.

Во дел од вкупно поднесените кривични пријави се застапени и двата члена од Кривичниот закон – „пренесување заразна болест“ (чл.205) и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ (чл.206). Исто така, до надлежните ОЈО доставени се пет посебни извештаи, а изречени се и десет прекршочни мерки по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

Покрај овие активности МВР, односно Секторите за внатрешни работи при министерството постапуваат и по однос на 604 поднесени решенија за изолација, како и 6.662 изјави за самоизолација на наши граѓани. Притоа при извршените контроли по основ на решенија за изолација утврдени се пет непочитувања на решенијата, додека пак по основ на изјавите, т.е. наредбите за самоизолација утврдени се непочитувања на самоизолацијата во 105 случаи.

Во врска со контролата на објектите на територијата на целата држава полициските службеници во соработка со другите надлежни институции направиле вкупно 1.357 контроли врз угостителски и други објекти, во 17 случаи констатирано е непочитување на мерките а во шест случаи поднесени се кривични пријави по член 206 од КЗ на РМ. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука