Охрид, 8. февруари 2021 (ОХРИДПРЕС) – По реакција на поголема група граѓани за засилено загадување и уништување на животната средина преку испуштање фекалии од колекторскиот систем во Охридското Езеро кое се случува подолг временски период, политичката партија Левица денес поднесе иницијатива за вршење на вонреден инспекциски надзор до државниот инспекторат за животна средина.
– Со поднесената иницијатива согласно делокругот на работата на Државниот инспекторат за животна средина бараме веднаш, инспекторатот да излезе на терен и да преземе конкретни законски мерки за запирање на наведеното загадување на животната средина, потенцираат од партијата.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23