мај 18, 2020

Скопје, 18. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Лице од тимот на обезбедувањето на претседателот на Република Макдонија Стево Пендаровски, вработено во Министерството за внатрешни работи, е позитивно на COVID-19.

– Членот на обезбедувањето на претседателот е дел од поширокиот тим на обезбедување, што значи дека немал директна комуникација со претседателот. Минатата седмица користел годишен одмор, а последен пат бил на работното место во понеделникот, на 11-ти мај 2020 година. По спроведената епидемиолошка анкета, утврдено е дека е потребно да се тестираат дополнително 11 лица кои биле во контакт со лицето кое е позитивно. Сите 11 лица беа тестирани и се негативни на COVID-19, но и покрај тоа остануваат во самоизолација до 25-ти мај, до истекот на инкубација од 14 дена. По извршената епидемиолошка анализа, претседателот Пендаровски и членовите на неговото семејство се оценети како контакти од втора линија, за кои според епидемиолошкиот протокол не се препорачува изолација. Претседателот продолжува со извршување на редовните работни обврски. Кабинетот на претседателот продолжува непречено да функционира, согласно препораките за заштита од COVID-19. Во изминатите два месеци вработените работат по различен распоред. Поголемиот дел од активностите се одржуваат на отворено. На средбите и настаните се одржува препорачаното физичко дистанцирање, се користи заштитна опрема како маски и ракавици, средства за дезинфекција, а редовно се чистат и дезинфицират просториите во „Вила Водно“, информираат од Кабинетот на претседателот Пендаровски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука