април 1, 2020

Скопје, 1. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (31.03/01.04) на територијата на државата, на 101 лица им се издадени решенија за изолација, а 217 лица потпишале изјава за самоизолација.

– Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека во два различни случаи, две лица што биле во самоизолација не се затекнати во својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 46 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 17 лица, а за останатите лица се изготвени записници, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука