април 3, 2020

Скопје, 3. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (02/03.04) на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација. – Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата  во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај,  едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом. По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука