Скопје, 13. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека управните служби при МВР на територијата на целата држава, на денот на изборите, во среда, на 15-ти јули, ќе работат само за подигање на лични карти, во периодот од 07:00 до 19:00 часот.
– Целта е да им се овозможи на граѓаните кои претходно поднеле барање да ги подигнат личните карти и да можат да го остварат правото на глас, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 74