Скопје, 2. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 5279 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 585 прекршоци во изминатото деноноќие.
Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 483 контроли во објекти при што евидентирани се 2 објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 337 лица им се издадени решенија на изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.
Во државен карантин спроведени се 118 лица.
Министерството за внатрешни работи во континуитет презема мерки за контрола на почитување на одлуките на владата поврзани со справување со пандемијата од Ковид 19. (Крај)
извор: МВР фото: архива