март 30, 2020

Скопје, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (29-ти/30-ти март) на територијата на Македонија, на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 112 лица потпишале изјави за самоизолација.

Oд страна на полициски службеници извршени се контроли над лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека едно лице, во самоизолација, не било затекнато во својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, опоменати се 37 лица, а за останатите се изготвени записници. (Крај)

извор: МВР фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука