април 8, 2020

Скопје, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот (7/8.04.2020 година) по однос на забраната за движење евидентирано е дека текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

– Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација, ианформираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука