Скопје, 28. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие (27-ми/28-ми) на територијата на државата на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.
Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 461 прекршок. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 35