мај 31, 2020

Скопје, 31. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 30/31.05.2020 година, на територијата на Република Македонија на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 673 прекршоци. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука