април 6, 2020

Скопје, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (05/06.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека 72 лица не ја почитувале оваа мерка, при што биле приведени 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација. (Крај)

извор: МВР фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука