април 9, 2020

Скопје, 9 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (8/9.04.2020 година) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 97 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 62 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

– Исто така според статистичките податоци на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници при извршените контроли кај лица во изолација и самоизолација, евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука