март 28, 2020

Скопје, 28. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Македонија, за денес и утре организираше чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.

– Од Словенија направена е репатријација на 126 лица, кои пристигнаа на скопскиот аеродром и се упатуваат во задолжителен државен карантин. Во попладневните часови ќе бидат вратени наши граѓани од Минхен, а за утре се предвидени два лета од Берлин и Келн/Бон. Чартер летовите ги реализира авиопревозникот Wizzair, којшто за овие четири дестинации на јавниот повик од Владата на Република Македонија, понуди најниска цена. Цената за авио билетот се определува од вкупната цена на летот поделена со број на патници, информриаат од Министерството за надворешни работи од каде упатуваат благодарност кон надлежните власти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија, и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

МНР продолжува со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство. (Крај)

извор: МНР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука