јуни 18, 2020

Охрид, 18. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“, на кои присуствувале од 50 до 150, а некаде и 200 луѓе. Ова се големите кластери во Република Македонија, соопшти на денешната пред конференција директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова.

Во однос на семејните кластери, потенцира, според епидемиолошките анкети, сме имале од четворица до 20 инфицирани со исто презиме односно во една фамилија.

– Досега ДСЗИ има издадено над 8.000 решенија по основ на контакти, над 3.200 решенија на позитивни за домашно лекување и самоизолација и над 3.500 решенија на повратници со негативен PSR тест, додаде д-р Сотирова Бухова.

Решенија на позитивни лица се издадени во Чаир, Гази Баба, Аеродром, Сингелиќ и Сарај. Епидемиолошките анкети укажуваат на бројни семејни кластери. Во периодот од 24 мај наваму, односно денот кога почна релаксирањето на мерките евидентно се зголемува бројот на позитивни пациенти. Секој ден бројот на позитивни пациенти значи огледало на нашето однесување ретроградно наназад најмалку 14 дена. Во овој период регистрирани се повеќе од 40 големи кластери на територија на целата држава и неколку кластери, во еден период беа 15, па 20, на територијата на Град Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука