април 8, 2020

Охрид, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден е нормализирана состојбата и граѓаните со многу помалку чекање ги користат услугите на „Охридска банка“.

Граѓаните на социјалните мрежи периодов наназад апелираат да се намалат гужвите пред банките, затоа што постои сериозна опасност по здравјето на граѓаните. Од денес, експозитурите Централа и Минимаркет на „Охридска банка“ привремено ќе работат со работно време од 07:00 часот до 14:00 часот, каде ќе бидат активни сите благајни, за да се услужат сите клиенти кои во моментов имаат потреба од банкарски услуги во Охрид.

Image may contain: one or more people

– Со цел овозможување на безбедни услови и придржување до пропишаната социјална дистанца, Банката апелира до своите клиенти под 67 години да не ги посетуваат локациите на Банката меѓу 10:00 до 12:00 часот за да се овозможи полесен проток на групата на граѓани за кои во моментот има рестрикција на движењето, односно е дозволено да имаат движење токму во овој период. Воведени се сите безбедносни мерки за одржување на предвидената дистанца меѓу клиентите, поставени се ознаки, ангажирани се дополнителен број лица кои го регулираат движењето, а исто така на располагање на клиентите им стојат и средства за дезинфекција при посета на експозитурите. Со цел максимизирање на услугите во времетраењето на една посета, Банката апелира до своите клиенти при својата посета на експозитура да ги завршат сите свои обврски како на пример плаќање на сметки, уплати/исплати од благајна, подгинување на пензија и слично, затоа што евидентирано е дека се создава метеж поради повеќекратни посети на експозитурите од страна на еден клиент за вршење на поединечна услуга, информираат од „Охридска банка“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес (13:45 часот)

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука